Во тетовско Селце владини министри од редовите на ДУИ, предводени од техничкиот премиер Талат Џафети, поставија камен темелник за нов објект за основното училиште „Рилиндја“. Ова е втора локација во селото каде почнува да се гради школски објект. Првиот почна да се гради пред 20 години, по што беше оставен во почетна фаза на градба. За сегашниот објект определени 100 милиони денари од државниот буџет.
-Децата повеќе нема да учат во стари училници коишто се изградени во далечната 1954 година и во лоши услови, туку ќе следат настава во модерно училиште. Новата училишна зграда ќе биде со вкупна површина од 2400 квадратни метри, поделена на два ката. Проектирани се училници од по 24 ученици, една училница за деца од претшколска возраст, 2 кабинети за извршување на научно-наставна програма како и една училница за информатички науки, истакна Талат Џафери.
Градбата се очекува да биде завршена до 2025 година.
-Овој проект е многу важен како капитален проект за министерството за образование и наука, но исто така е по многу важен за сите вработени во училиштето овде во селото Селце, за децата, за нашата иднина, тие највредните што ќе го употребуваат овој многу важен проект. Овој проект доаѓа после неколку капитални инвестиции во сите региони во нашата земја и така треба да работиме. Заради тоа што јас сум благодарен на сите за поддршката од владиниот кабинет заради тоа што и во кризно време се обезбедени буџетски средства за капитални инвестиции во основното образование фали дејвид и од тој датум, изјави министерот за образование Јетон Шаќири.
ас