Вчера (16 ноември) околу 15 часот на улица „120“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Х.(43) и Џ.Ш.(46) од Тетово. Тие претходно на улица „Благоја Тоска“ во Тетово не застанале на нивна наредба и со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки продолжиле да се движат кон улица „121“. Бегајќи од полициските службеници тие оштетиле товарно моторно возило „форд транзит“ со тетовски ознаки, а еден од полициските службеници испукал во воздух два предупредувачки куршуми за да застанат. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (16 ноември) околу 15 часот и 30 минути на улица „Цветан Димов“ во Тетово го привеле 48-годишниот Џ.Б. од тетовски Порој. Тој бил барал со потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
Вчера (16 ноември) околу 17 часот и 50 минути на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 27-годишниот тетовец А.С., кој претходно бил пријавен од 23-годишната Ј.С. од Тетово дека го нарушил јавниот ред и мир во автомеханичарска работилница на истата улица. Се расчистува и документира случајот и против А.С. ќе следува поднесок.