Соопштение на СВР Тетово 27 февруари 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (26 февруари) во 21 часот и 45 минути го лишиле од слобода 22-годишниот Б.И. од тетовско село, кој бил пријавен од неговата 21-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал неа и нејзината 39-годишна мајка. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
….
Триесет и четиригодишна тетовка, ноќеска (27 февруари) околу 1 часот во СВР Тетово пријавила дека на 24-ти овој месец околу 22 часот нејзиниот 31-годишен вонбрачен партнер од тетовско село физички ја нападнал во станот во кој престојувала. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.