Во соопштението на СВР Тетово информација за пријави на семејно насилство.
Ноќеска (7 декември) околу 1 часот, полициски службенци на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец С.А., кој претходно бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал, а се заканувал на нивните деца и неговиот татко. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Триесетгодишна тетовка, вчера (6 декември) во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека во семејниот дом физички е нападната од нејзиниот 34-годишен сопруг Е.Ц.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (6 декември), по преземени мерки утврдиле и на 21-годишниот Е.С. од гостиварско Чегране му изготвиле поднесок за лажно пријавување согласно член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Тој, претходно, во СВР Тетово пријавил дека во тетовски Пирок бил физички нападнат од лице од ова село, а потоа се предомислил и ја откажал пријавата