Со свечено отворање беше означен почетокот на работата на регионалниот и општинскиот изборен штаб на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Тетово. На отворањето присуствуваше партиското раководство предводено од претседателот Максим Димитриевски, кој воедно е и кандидат за претседателна Македонија.
„Планираме на овие избори да направиме сериозен резултат, првенствено планираме да победиме со мене кандидат, за претседател а потоа и да направиме една суштинска промена во политичкиот простор во Македонија, и да им покажеме како тоа ова раководство на СДСМ губи, а ова раководство на ВМРО не добива. Многупати тоа го велам и тоа на овие парламентарни избори ќе го потврдиме. Велат ИЕ 6 е специфична по себе да и токму поради нејзината специфика, ако бидеме добро организирани правилно распоредени сметам дека може да направиме одличен резултат, којшто ќе го почитуваат сите не само тука во Тетово туку и во целата држава“, истакна Максим Димитриевски.
Носител на списокот со кандидати за пратеници во шестата изборна единица ќе биде Небојша Захариески, претседател на општинската организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Тетово.
„Поголемиот дел од овде присутните подолго време бараат од мене да застанам на некој ваков праг. Дојде тој момент, се создадоа услови, покрај мене се наоѓа идниот претседател. Ваков тим на национално ниво не бил создаден. Јасно ви е за каков тим станува збор, овие луѓе по мене сите сега имаат шанси, меѓутоа не се вклучуваа во политика бидејќи не поаѓаа од своите лични интереси. Сите луѓе се повикани, никој не се нудел или не се борел за таа работа, затоа тоа беше една од главните причини зошто и јас прифатив заедно со тимот на централно ниво и заедно со тимот долу, а тимот долу е пред мене, сите вие сте тим, порача Захариески.
ас