• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Една година од пожарот во модуларната болница во Тетово

08/09/2022
во Вести
Модуларна ковид болница по пожарот

Модуларна ковид болница по пожарот

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денеска се навршува една година од пожарот во модуларната болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, кои таму беа на болничко лекување поради дијагностициран Ковид-19. На 8 септември 2021 година околу 21 часот избувна пожарот во монтажниот објект од ткн. модуларна болница.

По пожарот беа констатирани 14 смртни случаи, додека 12 пациенти го преживеаа пожарот и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата.  Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември.

Откако беше направен увид на местото на пожарот Основното Јавно Обвинителство Тетово направи и повеќе вештачења за да се утврдат околностите поради кои е дојдено во пожарот. Стручни анализи беа направени од МВР, Технолошкиот факултет, од стручно лице – електроинжинер како и експерти и истражители од сојузната криминалистичка полиција на Германија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице.

Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница.

-Двајцата првообвинети, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми се товарат дека сториле  по едно кривично дело – Тешки дела против општата сигурност,  третиот обвинет  докторот Бобан Вучевски дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, додека обвинетото правно лице за двете кривични дела – Предизвикување општа опасност и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопшти судот на 16 август.

На 6 септември судијата Јордан Велковски го закажа првото рочиште, кое веднаш беше одложено за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.

ас

Поврзани објави

Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Вести

Дете повредено со нож од друг малолетник

30/01/2023
Вести

СВР Тетово: Изминатиот викенд еден малолетник затекнат во угостителски објект на улица „ЈНА“

30/01/2023
Следна објава

Тетовчани со поддршка за д-р Бобан Вучевски бидејќи спаси многу животи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.