Повозрасен маж го загуби животот на патот Тетово-Попова Шапка во сообраќајна несреќа кај месноста Расадиште после 17 часот.
Првично, причина е излетување од патот, а човекот е странски државјанин.
Од СВР Тетово потврдија дека се случила сообраќајна несреќа на патот Тетово-Попова Шапка во која едно лице го има загубено животот.
„Во тек е увидот од стручните служби на СВР Тетово на местото на сообраќајната несреќа“, информираа од СВР Тетово со најава дека ќе се достават дополнителни информации.
Поради сообраќајната несреќа за интервенција била повикана и противпожарната единица од Тетово.