Едукативно предавање на тема: „Виталност и одржливост на пчелните друштва” во Тетово на 29 февруари 2024 година, ќе одржи проф. д-р. Владимир Млаѓан од Србија, најавуваат од Здружение на пчелари „Полошки мед“. Предавањето во четврток ќе се одржи во просториите на Урбан-спроти Зелен пазар во Тетово со почеток во 18 часот.
-Предавачот е пензиониран универзитетски професор од Академијата за стручни студии во Шабац, Србија. Целата своја академска кариера ја посветил во усовршување од областа на пчелните болести како што ноземоза, вароа, пестициди, стрес кај пчелите, исчезнување на пчелите и разни вируси, информираат од Здружение на пчелари „Полошки мед“.
Влезот за предавањето чини 300 денари.