Фудбалската екипа на СВР Тетово е победник на годинешниот турнир по повод Седми мај, Денот на полицијата што се одржа во Скопје. Во финалето на турнирот СВР Тетово го совлада СВР Скопје со 2-1.
-Капитенот на тетовската првопласирана екипа која ја сочинуваа 17 полициски службеници, победничкиот пехар му го предаде на началникот на СВР Тетово, Амир Далипи, кој им честиташе на постигнатиот успех и им се заблагодари за освоениот трофеј, информираше СВР Тетово.
Фудбалскиот турнир почна на втори овој месец, а учествувале вкупно 9 екипи составени со вработените во Секторите за внатрешни работи и други организациони единици на МВР.