Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денес, 20.04.2024 (сабота) ќе биде меѓу граѓаните на Брвеница и Тетово.
Во 18:00 часот, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ковачевски ќе биде дел од Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Брвеница кај Спортската сала „Кочо Рацин “.
Потоа, во 19:30 часот, претседателот Ковачевски, ќе присуствува и ќе се обрати на граѓанскиот собир како дел од парламентарната кампања „Нема откажување од иднината “, во Тетово кај паркот пред Домот на културата „Иво Антески – Смок “.