Пратеничката од редовите на СДСМ Тетово, Фаница Николовска објави дека обезбедени се средства за доизградба патната делница до селото Луковица.
Според амандманот кој го објави Николовска на социјалните медиуми, се прави прераспределба на буџетот со што за доградба на патот се определуваат 20 милиони денари (над 325 илјади евра)
Минатата година од буџетот на државата без обезбедени 15 милиони денари кои ги доби Општина Желино за да реализира дел од патот долг 5,5 километри.
Според одлуката средствата се обезбедени во пoтпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до Единици на локална самоуправа во Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2022 година. Според истата одлука Општина Желино ќе ги добие овие средства па добива и задолжение да достават извештај за наменско користење на средствата до Министерството за транспорт и врски заклучно со месец декември 2023 година.
Луковица е единственото село кое досега немаше асфалтиран пат во тетовскиот регион. Во 2020 година мештаните самите се организираа, собраа и платија речиси шест илјади евра за проектната документација со геодетски елаборат за патот што треба да се асфалтира.
Од Тетово кон Луковица се може да се оди преку автопатот Тетово -Скопје или регионалниот пат Тетово-Групчин. После Групчин има асфалтиран пат се до Седларево. На половина од тој пат се наоѓа месноста Крстец или крстосница од каде има земјен пат од 5,5 километри се до Луковица.
ас