• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Федерацијата за планинарство во полиција го пријави демолирањето на кулата на Титов врв

28/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Федерацијата за планинарство денеска поднесе и официјална пријава до полицијата за демолирањето на кулата на Титов врв. Пријавата е поднесена во СВР Тетово каде е побарано да се најдат сторителите на оштетувањата и опожарување на кулата.

-Федерацијата за планинарство на Северна Македонија ја информира јавноста дека поднесе пријава до МВР-Сектор за внатрешни работи, Тетово, за оштетување и опожарување на кулата на Титов Врв. Федерацијата остро го осудува вандалството и уништувањето на кулата на Титов Врв. Со оваа неодговорна постапка и оштетувањето на симболот на препознатливост на планинарството кај нас, само се загрозува безбедноста на посетителите. Воедно, ве известуваме дека Федерацијата ќе го санира објектот и зависно од временските услови таа ќе се одвива етапно, информираше Федерацијата.

Членови на планинарскиот клуб „Аргентус Монт“ и претставник на Комисијата за планинарски домови при Федерацијата за планинарство во неделата беа на врвот за целосен увид и утврдија дека луѓе во голема мера ја демолирале внатрешноста, откако мината недела беше објавени дека се оштетени и откорнати прозорци.

Планинарите во таа акција привремено ги затвориле сите испокршени прозорци со плексан и дрвени даски со цел во Кулата да не навлегува снег во зимскиов период.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

ООУ „Гоце Делчев“ организираше приредба и Новогодишен базар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.