Соопштение на ФК Тетекс
И, повторно нов натпревар и ново оштетување од страна на судиите на натпреварот против Беласица.
Главен судија на натпреварот Александар Василевски, помошници Милан Петров и Горан Милошевски.
Од страна на вториот помошник судија на натпреварот против Беласица, во 23 минута беше сигнализиран офсајд позиција на домашен играч и беше спречена очигледна шанса за гол на екипата на Тетекс!
Грешката беше одма укажана од страна на надлежните од екипата на Тетекс но залудно, акцијата беше спречена и му беше одземена шанса на Тетекс да поведе со 1:0 што би можело понатаму во целост да го смети текот на натпреварот.
По анализираната ситуација се утврди дека од страна на вториот помошник судија беше направена очигледна грешка бидејќи играчот на Тетекс не беше во недозволена позиција.
Ова е кој знае кој пат Тетекс да подлежи на оштетување од судска одлука. Наназад повеќе пати сме објавувале за незадоволството од судењето на судиите и скоро секој пат сме биле во право дека сме биле оштетени…
Време е да престане овој непрофесионален однос и да следуваат санкции за чинителите.
фото: тв.ффм.мк