• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ФК Тетекс со нов управен одбор, претседател ќе биде д-р Бобан Вучевски

24/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Фудбалскиот второлигаш Тетекс од Тетово денеска го промовираше новиот управен одбор кој ќе го раководи клубот по оставката на претходниците. Седумчлениот состав на управниот одбор ќе го предводи како претседател д-р Бобан Вучевски.

-Клубот го наследуваме во лоша состојба, без соодветен кадар на фудбалери, соодветен стручен штаб, минусно салдо и долгови. Затоа, нашата цел ќе биде да се обединиме, сите верни фанови, тетовчани, љубители на фудбалот и спортот со заеднички сили да го вратиме клубот онаму каде што припаѓа. Ветуваме дека со сите сили ќе се бориме и секој натпревар во втората полусезона ќе го играме како да ни е финале. Значаен ќе биде секој гол, секој бод, секоја победа за наш опстанок и спас на клубот, изјави Бобан Вучевски.

Тој упати апел до сите заинтересирани, од различна професија, како поранешни и сегашни фудбалери, легенди, спортски доктори, тренери  кои можат да дадат некаков придонес во клубот, да се пријават.

-Дел од нашата мисија во наредниот период ќе биде и посета на регионални компании за да побараме парична помош и финансиски да закрепнеме, за да не дозволиме згаснување на овој бренд кој функционира речиси 70 години.Отворени сме за секој кој што смета дека може да помогне, и го повикуваме да се приклучи кон оваа иницијатива, затоа што само сите заедно, сплотени, верувам дека можеме многу повеќе да допринесеме са клубот и да успееме во нашиот план. Да донесеме големи резултати и да го вратиме ФК Тетекс на старите победнички патеки и славни времиња, рече Вучевски.

Шеф на стручниот штаб останува Дејан Савевски, со прв асистент Живорад Радоњиќ и Миле Спироски како тренер на голмани.

-Планот е на 11 јануари да почнеме со подготовки во Тетово. Доколку ќе има прилика ќе тренираме и во некое друго место во потоплите краеви на државата. Планираме и шест пријателски натпревари, изјави Дејан Савевски.

Во управниот одбор членуваат и Ивица Хаџииљоски – Чајка, Драгољуб Јовановски, Перо Јовановски, Живко Антовски, Бобан Мишевски и Ненад Спасоски-Зец.

ас

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

На вонреден конгрес во Тетово, Арбен Таравари избран за претседател на Алијанса за Албанците

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.