Денес Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка ги одреди трите бараж дуели по што ќе се знаат кои екипи ќе играат во Втора македонска фудбалска лига.
Сите мечеви ќе се играат во недела 28 мај од 17.00 часот, а Тетекс со Осогово ќе игра на неутрален терен на стадионот ,,Борис Трајковски” во скопската населба Маџари.
Во другите два дуели Башкими – Влазрими и Вардар Неготино – Новаци.