• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Носителот на листата со кандидати за советници од редовите на коалицијата предводена од СДСМ во Тетово, Глигорије Стојановски порача до граѓаните дека кампањата која помина биле големо задоволство, лично искуство и можност за директно соочување со нив.

-Помина цела кампања за избор на Советници во нашата општина. Ова е моја прва кампања, и со задоволство можам да се пофалам дека ова за мене претставуваше едно мое лично, големо животно искуство.

Директно и непосредно бев со вас – граѓаните на мое Тетово. Имаше низ кампањата многу насмевки, ветувања, поздравувања, анегдоти, и секоја средба, со секого поединечно, беше своја приказна. Заеднички низ смеа знаевме да си ги кажеме маките кои нè тиштат и опкружуваат.

Знаеме, и сме свесни дека нашиот град Тетово има многу специфичности. За да се вложиш во неговото унапредување не е само привилегија туку и обврска. Вие, ми дававте сила низ целата кампања да станам уште поодлучен во намерата. А, намерата ни е јасна. Тетово да продолжи да се гради инфраструктурно, да се развива од сите аспекти на општественото живеење, и сето тоа во духот на мултиетничноста.

Јас, како социјален работник и дел од културата во Тетово, можам само да ви гарантирам дека максимално ќе се трудам да ги исполнам заложбите за кои ви говорев.
Затоа, ве повикувам сите до еден, да ја искористиме заедничката можност и Тетово да го направиме место за пофалба и респект. Мора да ја промениме досегашната бледа слика на градот.

Таа можност ќе ја овозможиме само доколку на 20ти август излеземе масовно, и гласаме за бројот 1. Тука сум за вас. Нека европско Тетово го почувствуваме сите, порача Стојановски.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.