• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Повторно се организира Бадникарска поворка со изведба на песната Вечниот Бог

30/12/2022
во Актуелно, Вести, Инфо компас
Бадникарска литија во 2020

Бадникарска литија во 2020

Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По две години пауза се организира Бадникарска поворка низ тетовските улици, а заинтересираните родители нивните деца може да ги донесат во соборната црква Свети Кирил и Методиј во петок 6 јануари. Од 10 часот и 15 минути ќе започне Бадникарската поворка.

-Возљубени браќа и сестри со благослов на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф,  после литургијата во Соборниот Митрополитски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово на 6 јануари, петок, со почеток во 10 и 15 часот ќе започне Бадникарската поворка. Поворката ќе започне од Соборниот храм, а ќе заврши на плоштадот во Тетово, каде што ќе настапува триото Шербет.  Во пресрет на Рождеството Христово Ве покануваме да ги донесете Вашите деца и учеството да биде што помасовно. На тој начин и сите ние ќе учествуваме во радоста на Витлеемската ноќ и заедно со ангелите ќе пееме : „Слава на Бога во Висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“, порача епархискиот ѓакон Илија Деспотовски.

 

Бадникарска литија во 2020
Бадникарска литија во 2020

Бадникарски поворки ќе се одржат во Брвеница и Вратница. Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година, а не се одржа во 2021 и 2022 поради пандемијата.   Во 2021 заинтересираните оставаа писмени молитви и честитки.

Песната Вечниот Бог

Вечниот Бог слезе и во Дева се всели Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази; Луѓе радувајте се, играјте, ангели веселете се; Прими Го Витлееме Господ твој, Царот на сите и Владика; Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни; Да се поклонат на Господа, во пештера родениот; Кога слушна Ирод за настанот, целиот се потресе злобниот; Вака вели на свештениците, кои Му служат на Господа; Кажете ми мудри учители, каде треба Он да се роди; Обземен од бура на помисли, Јосиф намисли да Ја отпушти; Ноќта, пак, во сонот слушна глас, ангел Господов му проговори; Денес сета твар да се радува, нек҆ торжествува и се весели; Светлина на светот му засветли и тие во мракот ги осветли; Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти; О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.