Новица и Лука се татко и син од тетовско Теарце, кои имаат голема љубов и посветеност за својот шарпланинец Медо, а резултат на тоа се бројните награди кои ги имаат добиено на изложбите за кучиња, особено на специјалните изложби за шарпланинци за само една година.
Медо, или Арон според името кое било евидентирано кутрето во педигрето, е роден во април 2023 година. Тој нешто повеќе од една година од мало кутре е прераснат во голем шарпланинец благодарејќи на посветеност на таткото и синот од Теарце.
„Иако има само 11 години Лука е поголем приврзаник и повеќе е посветен кон неговиот љубимец, признава таткото Новица Ѓорѓиев.
Шест месеци откако го зеле кутрето Медо, тој веќе бил подготвен за изложба.
„На 23 ноември 2023 година на специјалка за шарпланинци „Меморијал Владимир Крстески во Куманово“, Медо освои втора награда во категорија на шарпланинци кои имаат од шест до девет месеци“ објаснува Новица.
Годинава во април продолжиле успесите односно одличните резултати со оглед на тоа колку време и средства ова семејство вложило во нивниот миленик.
„На изложбата организирана во април 2024 година од страна на Кинолошко друштво Балтепе, Медо освои прва награда за шарпланинец од 12 до 18 месеци и прва награда за „Најубав млад мажјак“ на целата специјализирана изложба за шарпланинци“, вели 40 годишниот Новица.
Минатиот месец на 12 мај 2024 година Медо како член на одгледувачницата „Петковски под Шара“ учествувал на Светската клупска изложба во Крушево.
„И на светско ниво, на изложба среде Македонија освои прва награда за шарпланинец од 12 до 18 месеци и прва награда за „Најубав млад мажјак“, објаснува Ѓорѓиев.
На почетокот на овој месец,јуни Медо прави и меѓународен успех затоа што на специјалката за шарпланинци во Краљево, Србијa повторно освојува прво место во во категорија на шарпланинци кои имаат од 12 до 18 месеци.
ас