• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Гордана Димитриеска Кочоска : Нашите кандидати се луѓе кои се сервис на граѓаните, а не луѓе кои се гласачка машинерија во Советот

03/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во Тетово се придружи на кандидатите за советници на средбите со граѓаните во рамки на кампањата за вонредните избори за членови на Советот на општината на 20 август. Таа им порача на жителите на Тетово да го дадат гласот за советниците кои ги предводи носителот Ангел Карапетров.

-Во претходниве години Тетово беше под контрола на коалицијата СДСМ и ДУИ и за жал Тетово стана едно место каде царува корупцијата и криминалот каде што имаме одредени мал број на луѓе блиски до власта , кои од ден на ден го зголемуваат своето богатсво и на уште поголемо разочарување повторно зборувам за проблемите со недоволно вода за пиење, повторно зборуваме за загадувањето во Тетово, повторно зборуваме за катастрофалната патна инфраструктура  која го враќа Тетово во 19 век и токму од таа причина промени се потребни тука. Затоа ВМРО ДПМНЕ на овие избори кои ќе се одржат на 20 август ќе освои убедлива победа во Тетово затоа што тука со мене се кандидати за советници кои навистина заслужуваат да ја извојуваат победата затоа што зборуваме за луѓе кои што во изминатиот период покажаа дека работат во интерес на граѓаните, луѓе кои се сервис на граѓаните, а не за луѓе кои се гласачка машинерија во Советот како што тоа се случуваше изминатиот период од страна на СДСМ и ДУИ, истакна Гордана Димитриеска Кочоска.

На новинарско прашање дека ВМРО ДПМНЕ е оцената како анти-ЕУ партија таа истакна дека неуспешни се сите обиди од страна на СДСМ за лошите состојби во државата да ја обвини нејзината партија.

-Знаеме дека од почеток на преговарање на СДСМ за распродажба на националните интереси тие имаа поставено две цели. Првата цел беше да ја обвинат Европската унија за сето лошо што се случи во државата и втората цел која ја има поставена да инфилтрираат нивни структури во опозоцијата кои постојано ќе коментираат дека опозицијата е премногу блага недоволно се бори за националните интереси на Македонија. Меѓутоа ниту едната ниту друга цел им успеа. Прво да не заборавиме СДСМ е таа партија која во континуитет правеше во години наназад хајки против ЕУ. Да не го заборавиме нападот кој што го направија врз поранешниот француски амбасадор Тимоние. Во исто време граѓаните повеќе од јасно знаат кој е предавникот во државата и точно тие знаат дека предавството не доаѓа од надвор, предавствата се случуваат во Македонија и тие имаат име и презиме. Почнувајќи од Зоран Заев, Стево Пендаровски, за да денес зборуваме дека и Димитар Ковачески ја продолжи таа политика предавничка.  Жално е ова што ќе коментирам но имам чувство дека се во состојба и сопствената мајка да ја предадат само за да останат ден повеќе на власт за да можат да се збогат што е можно повеќе и да крадат од граѓаните и да не сработат ништо во интерес на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ е про-европска партија, која од самите зачетоци зборува дека патот на Македонија е во ЕУ и за тоа во континуитет се бори и го прави. ВМРО ДПМНЕ е за влез во ЕУ достоиствено, а не со понижувања и единствениот излез за тоа е преку референдумот кој го бараме од кој очајно бегаат, изјави Гордана Димитриеска Кочоска.

Таа ја коментираше економската состојба како никогаш полоша, оценувајќи дека не е подобра дури и од времето на транзицијата.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Приведени двајца печалбари-едниот за дрога, другиот ја вртел колата „под рачна“ и го нарушил јавниот ред и мир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.