• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приведени двајца печалбари-едниот за дрога, другиот ја вртел колата „под рачна“ и го нарушил јавниот ред и мир

04/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Рано утринава двајца печалбари кои дошле од Германија и Швајварија се приведени, откако кај едниот била најдена дрога, а другиот го нарушил јавниот ред и мир со автомобилот. Во 04.10 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово е приведен 21 годишник со живеалиште во Сојузна Република Германија.

-Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Џ.(21) од Тетово, со живеалиште во Сојузна Република Германија, затоа што при преглед во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.

Дваесетина минути подоцна на истата улица приведен е 23 годишник од Тетово со времено живеалиште во Швајцарија кој со возилото бил затекнат како создава бучава.

-Од А.М.(23) од Тетово, со привремено живеалиште во Швајцарија, полициски службеници одзеле патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки затоа што со возилото го нарушил јавниот ред и мир, односно бил затекнат при зголемување на бучавата на возилото и нагло зголемување на брзината со чкрипење на пневматиците, информираат од СВР Тетово.

Според полицијата возилото било задржано за вонреден технички преглед и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Александар Николоски :  Тетовчани да гласаат  за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за да го подобриме животот во Тетово, за нови инвестиции и развој

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.