Вечерва од 19 часот Детскиот хор „Лале“, под диригентска палка на проф. д-р Ивица Зориќ организира концерт на детска хорска музика, во Домот на АРМ (НУ „Музеј на тетовски крај“).
На настанот ќе бидат изведени 10-тина песни со различна тематика, од творечкиот опус на Борислав Јоргушески – Боби. Главната цел на настанот, меѓудругото е и негувањето на здрави музички навики кај најмладите и популаризација на ваквиот вид на музика кај младите генерации.
Со концертот воедно ќе биде одбележан и 75-тиот роденден на диригентот, проф. д-р Ивица Зориќ. Асистент диригент е Теодора Ветероска.