Соопштение на СВР Тетово за настани евидентирани на 8 ноември 2023
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (8 ноември) околу 18 часот и 10 минути го лишиле од слобода 33-годишниот А.К. од тетовски Копачиндол. Непосредно пред тоа тој бил пријавен од 58-годишниот Ш.Ќ. од тетовска Голема Речица, дека на Хируршкото одделение во тетовската Клиничка болница, каде што бил вработен., физички го нападнал, при што употребил и остар предмет. А.К. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчеравечер (8 ноември) околу 22 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец К.Б., кој бил пријавен дека еден час пред тоа во станот во кој заедно живееле во Тетово физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка, а оштетил и дел од покуќнината. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во рамките на акциска контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници спроведена вчера (8 ноември) од 6 до 11 часот, на улица „Маршал Тито“ Тетово, било запрено и санкционирано патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое без потребните документи го управувал 62-годишниот С.Р. од тетовско Горно Палчиште. Покрај ова, со соодветни поднесоци биле заокружени и 9 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На С.Р. ќе му биде изготвен поднесок по член 284-а од Кривичниот законик