• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Грантови од ЕУ за почетнички проекти на граѓански организации и здруженија

20/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓански организации и здруженија кои се на самиот почеток од своето функционирање имаат уште три недели можност да добијат финансиски средства од Европската унија за реализација за својот прв проект, информираат проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.

Ангажираните во проектот денес во Тетово организираа информативна сесија за Механизам за граѓанска отпорност (МГО) што е повик за директна поддршка за иницијативите спроведени од страна на граѓанските организации.

-Граѓанските здруженија може да имаат различни области за интерес, а проектите мора да бидат за јавна корист. Примери може да бидат грижа за постари лица, или можеби некои еколошки прашања или здравствени проблеми, или како да се подобри работата со локалната власт или како да се вклучат локалните бизниси во поддршката, на пример, ресторан може да дава храна на крајот од денот на сиромашните луѓе. Така што тоа е соработка со бизниси за јавен бенефит, така што тие се активности за кои размислуваме за поддршка, изјави тим лидерот Зинта Миезаине.

 

Информативни сесии има низ повеќе градови, а повикот е наменет за мали организации со малку административни ограничувања.

-Ссе надеваме на добри проекти низ целата земја. Рокот за поднесување е до 15 ноември имаат организациите уште три недели за пријавување. Потоа оди евалуацијата, а одлуките се носат до крајот на оваа година, изјави Зинта Миезаине.

Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО) е програма за материјална поддршка за граѓанските организации која служи за да им овозможи на „грасрут“ (grass-root) организациите да преземат ефикасни и ефективни активности за брзо да одговорат на реалните потреби во нивните заедници и да ја зајакнат отпорноста на граѓаните за време на честите општествени промени.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Сопружници нападнати од тричлена група поради недоразбирање за паркинг

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.