Во СВР Тетово 37 годишна жена од Тетово пријавила дека на 4-ти овој месец нејзиниот малолетен син физички бил нападнат од неколку малолетници, кои со мобилен телефон го снимале настанот и потоа снименото го прикажувале на други лица. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Ноќеска (7 септември) околу 1 часот и 25 минути на крстосница на улица „Илинденска“ со улица „172“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 44-годишниот А.Р. од тетовско Желино затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По задржувањето во Полициската станица Тетово и документирање на случајот против него ќе следуваат поднесоци.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (6 септември) во 9 часот и 15 минути го лишиле од слобода 64-годишниот тетовец Н.И., кој непосредно пред тоа бил пријавен од неговата 45- годишна сопруга дека физички ја нападнал. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (6 септември) околу 12 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 47-годишниот тетовец Ф.Ш. за издржување мерка притвор, инаку осуден на едногодишна затворска казна за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“. Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје“ во Скопје за издржување на притворот.
Триесет и тригодишниот Р.К. од тетовска Палатица, вчера (6 септември) во 9 часот во СВР Тетово пријавил дека од дома се оддалечила неговата 30-годишна сопруга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавеното лице.