Денес во храмот Свети Атанасиј Александриски во Брвеница протапрезвитер Ивица Спасеновски отслужи Статии по повод Велики Петок. Утре Велика сабота ќе се служи литургија на Св. Василиј Велики од 07 ч. на која верниот народ ќе се причести.
„Секој што ќе се причести сабајлето на Велика сабота треба да знае дека постот сè уште не е завршен, се до објавување на Христовото Воскресение и кога ќе се благослови велигденското јајце.
ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО ВЕЛИГДЕН
Во сабота во 23.30 ч ќе започне трикратен опход со пеење на Воскресение Твое Христе Спасе … и точно на полноќ со биење на камбаните ќе се објави Христовото Воскресение по кое ќе се отслужи Утрена и Литургија на Св. Јован Златоуст која ќе трае до 02 ч, на која верниот народ ќе се причести.
НАПОМЕНА: нема причест во недела наутро!!!
ВОЗЉУБЕНИ ЧЕДА СВЕТИ-КЛИМЕНТОВИ, Македонска православна црква-Охридска архиепископија, брвенечка парохија.
Велигден е столб и основата на христијанството, ако Христос не воскреснеше залудна ќе беше нашата вера. Затоа секој што верува со срце и душа во воскреснатиот Господ Исус Христос, втората ипостас од светата едносуштна и неразделна Троица треба да биде редовно присутен на богослужбите. Молитвено доживувајќи се со страдалните настани од овоземниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос со уште поголема радост да го дочекаме Христовото Воскресение.
Со Паскална радост претседателот протапрезвитер Ивица Спасеновски со членовите на црковното настојателство брвенечка парохија ве повикува, СИТЕ ВИЕ, СИТЕ со секој член од вашето семејство да присуствувате на овие НАЈСВЕТИ БОГОСЛУЖЕНИЈА!!!
Храм Свети Атанасиј Александриски-Брвеница