Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф денес испрати празнична честитка до верниците од епахијата.
„Господ Исус Христос со своето Воскресение поразот, во победа го претвори. Гревот и смртта ги обессили, а нам на луѓето, портите на Рајот ни ги отвори. Со тој спасоносен настан Синот Божји се потврди како вистинки Богочовек и спасител им даде смисла на небото и на земјата и на човекот и на човечката историја. Браќа и сестри од Тетовско-гостиварската православна епархија при МПЦ, како Ваш Владика, честитајќи Ви го Воскресението Христово-Велигден од овде од Лешочкиот манастир каде и се наоѓаат светите мошти на светиот Кирил Лешочки ви посакувам убави празнички мигови и Ве поздравувам со најрадосниот поздрав Христос Воскресе-Навистина Воскресе“, истакна владиката г. Јосиф.
Вечерва во 23 часот и 30 минути владиката во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј ќе го започне трикратниот опход околу црквата со пееење на Воскресение Твое Христе Спасе и со биење на камбаните. На полноќ ќе го објави Христовото Воскресение по што ќе следува Златоустова литургија.