Хрватскиот книжевен критичар, публицист и новинар д-р Никола Гамилец гостува утре во Тетово, на настан насловен „Разговори“ чија цел е разговори на тема – современата хрватска книжевност, информираат организаторите од Македонско-хрватското друштво (МХД). Настанот е отворен за јавноста и ќе се одржи утре петок 29 септември во хотелот „Лирак“ со почеток во 19 часот.
– Организираме гостување на публицистот и новинар Никола Гамилец, чија задача ќе биде во едночасовен настан да ја приближи оваа не толку актуелна и популарна тема, преку ретроспективен „пресек“, испратен со бројни прашања и дилеми, но и со одговори и нови перспективи. Гамилец има студирано додипломски, постдипломски и докторски студии на Универзитетот во Загреб. Професионално се има усовршувано на BBC и IWPR Институтот во Лондон. Бил директор и главен уредник на печатени медиуми, радија и телевизии. Бил професор на Универзитетот во Загреб, на Американскиот универзитет во Дубровник и на Карловиот универзитет во Прага. Има објавено повеќе од 500 стручни трудови, анализи на хрватски, чести и англиски јазик. Последните години уредува, рецензира и пишува предговори и книжевни критики на новите изданија на современата хрватска книжевност како и на книги од подрачјето на Југославија, информира Марко Видачек, секретар во МХД.
Македонско – хрватското друштво, со седиште во Тетово, оваа година го отвори својот нов простор во кој е сместена и библиотека со македонски и хрватски наслови, а периодов организира и настани поврзани со хрватската литература.
ас