Продолжуваат интервенциите за гаснење на боровата шума и претпладнево во близина на Милетино.
Центарот за управување со кризи (ЦУК), известува дека полетал еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување(ДЗС), а втор авион се подготвува, за дејствување на реактивираниот пожар на тешко пристапни места кај Милетино во Општина Брвеница, каде што пожарот зафати борова шума.
Регионалниот ЦУК Тетово информира дека врз пожарот на терен, од разденување, утрово интервенираат 15 лица вработени во ЈП „Македонски Шуми“ подружница „Лешница“, три пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово со едно специјализирано 4Х4 противпожарно возило – џип и со една цистерна за дотур на вода, а и два полициски службеника.