• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

И тетовските пензионери протестираа за повисоки пензии-некои имаат по 10 илјади пензија

Како во другите градови бараат да има промена во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и се зголемат пензиите линеарно за 3000 денари.

07/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Помала група на пензионери од Тетовско денес пред објектот на Здружението на пензионери јавно го изразија револтот од ниските пензии и дадоа поддршка на барањата за зголемување на пензиите. И тие како во другите градови бараат да има промена во Законот за пензиско и инвалидско осигурување и се зголемат пензиите линеарно за 3000 денари.

– Кога можеа за функционерите 78 отсто да ги зголемат платите, нека најдат начин линеарно за покачување на пензии. Ние сме свесни дека тие што излегле со високи пензии плаќале повисоки придонеси. Но сега сме сите исти, сме пензионер и нека биде линеарно зголемувањето, пазарот за сите е ист. Никој не нè прашува во продавница дали земам повисока или пониска пензија. Со европско знаменце многу закони сменија, така и ние бараме со европско знаменце да се смени законот и да има исто зголемување за сите. Јас пример земам солидна пензија, ама треба да мислиме и за тие што земаат по 10-11 илјади денари пензија. Со таа пензија некои од нив ни лекови не можат да си купат, изјави пензионерката Дивна.

– Над 20 илјади денари треба да зема секој пензионер, и да се зголемуваат. Како може за нив и за нас треба се зголемува. Не стигаат пензиите, сите знаете, сите имате пензионери дома, дошло 3000 илјади денари пензија, а каде е вода, па телевизија, телефон. Викаат телефон било луксуз. Па нека ни дадат и нас без пари телефони како во Владата. Ние не сме ли придонеле за оваа држава. Храна? Па земаат пензионерите по 100 грама кашкавал месечно. Да се засрамат политичарите. За нив се може, без пари коли, а пензионерите, што, зарем да умрат. Секој сака да оди на бања, работничката класа и на одмор не ни била, изјави пензионерката Летка.

Претседателот на Здружението Селвер Мемети вели дека во Тетово е карактеристично тоа што има многу пензионери со ниски пензии затоа што имало многу фабрики со ниски плати.

– Сите што протестираа кои имаат ниски пензии имаат право да протестираат. Навистина пензиите се многу ниски. Со тоа што јас ги поддржувам, да има линеарно зголемување, бидејќи нема посебни продавници за ниски пензии, а други за оние со повисоки пензии. Тие се еднакви сите, да затоа да има зголемување за сите по 3000 денари. Во Тетово карактеристично е што има многу ниски пензии, тука биле фабрики со ниски плати и затоа добиле ниски пензии и затоа имаат потреба од помош, изјави Мемети.

Додека беа собрани пензионерите во Здружението стигна дописот од Сојуз на здруженија на пензионери со препораки и мислења

– Сојузот подготви предлози за зголемување на најниски пензии кое предлагаме да се реши рамки на пензискиот систем, а не со посебен закон, се вели во дописот.

Од таму информираат дека од изминатиот период се презеле повеќе активности за подобрување на материјалната состојба на корисниците на ниски пензии.

ас

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Се одбележаа 22 години од убиството на десетте бранители кај Карпалак

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!