• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

И во 2023 година ќе се чека на избор на консултантска куќа за надзор на градбата на автопатот Тетово-Гостивар

05/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Се уште се трае процедурата за избор на консултантска куќа за надзор на изградбата на дополнителни коловозни ленти и реконструкција на автопатот Тетово -Гостивар. Откако есента во 2022 беше поништен изборот поради недоставена банкарска гаранција, сега процесот е во жалбена постапка, одговори министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од тетовско Желино кога ќе почне најавена реконструкција и проширување на делницата помеѓу Тетово и Гостивар.

Освен за Тетово-Гостивар, избраната компанија ќе соработува со изведувачот и за другите делници по Гостивар се до Ќафасан како и Прилеп-Битола.

-Во Јавното претријатие за државни патишта во тек е постапка за избор на консултант и надзорен орган кој што ќе ја следи работата на изградбата во целиот период на овие автопатишта. Во тек е жалбена постапка која има строго утврдени рокови,по завршување на овие рокови, нашите очекувања се дека во тек на месец јануари ќе имаме веќе завршен избор со завршени жалбени постапки на консултантска компанија и веднаш таа компанија ќе влезе во преговори со компанијата Бехтел за сите останати детали, рокови, динамични планови, цени на изведба на овие делници, пошто доколку е успешен тој договор ќе се случи договор со компанијата Бехтел. Сметам дека сме на самиот крај за избор на консултанска компанија во јануари за да потоа се оди понатаму, изјави Благој Бочварски.

Во регионот, според Бочварски, за обиколница за Тетово од кај Требош кон Непроштено постпката за проектот е кон самиот крај.

-И очекувам оваа година да се распише тендерска постапка.Таму има две фази на проектирање на оваа делница и очекувам да биде распишана постапка за избор на компанија која што ќе влезе во реализација на овој многу значен проект за Тетово и за целиот регион со што ќе го растеретат целиот регион и ќе даде шанса за побрз развој, рече Бочварски.

На новинарско прашање дали ќе има и излез на другата страна од автопатот кон Технолошко-индустриско развојната зона Бочварски рече дека предвидена е клучка.

-Предвидени се сите елементи кои се потребни и дозволени согласно законот и правилниците на државата за да има доволно дистанца и растојание да може безбедно да фунцкионира кога ќе биде изградено како проекти и како објект, потенцира министерот.

Бочварски повтори дека година ќе се реализираат преку 110 километри автопатишта со градење на делниците Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

По пауза од две години утре повторно ќе има Бадникарската поворка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.