• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

По пауза од две години утре повторно ќе има Бадникарската поворка

05/01/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Овој Бадник, утре, петок, 6 јануари придружете се на Бадниковата литургија, Бадниковата поворка и прослава на тетовскиот плоштад, повикува одборот за обединета и сплотена прослава. Заинтересираните родители нивните деца може да ги донесат во соборната црква Свети Кирил и Методиј.

Празнувањето започнува утре во соборниот храм Свети Кирил и Методиј од 07:30 часот до 10:00 часот при што ќе биде отслужена Света Бадникова литургија, а од 10:15 тргнува Бадниковата литија.

Поворката ќе започне од јужната порта на црковниот двор и ќе се движи кон плошадот. Од кружниот тек кај плоштадот ќе се продолжи по булевар „Маршал Тито“ до  градскиот пазар, а потоа по булевар „Благоја Тоска“ па се до трговскиот комплекс „Тетовчанка“. Од таму,  назад по булеварот до улица „Борис Кидрич, покрај Дом на АРМ, позади Центар за култура и назад на плоштадот. На плоштадот е предвидено да има концерт на тетовското трио Шербет и пригодно здравичарско обраќање на Дарко Гавровски – Гавро.

Бадникарска литија во 2020

-Од оваа година започнуваме со прекрасна традиција: после Бадниковата поворка ќе следи, за првпат и масовна сенародна Бадникова прослава на тетовскиот Плоштад. Овој настан е со благослов на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Се повикуваат сите благочестиви христијани, во петок да присуствуваат на настанот. Се повикуваат сите тетовчани и сопствениците на кафулиња да излезат на улиците за да ги пречекаат децата со скромни дарови.Се повикуваат сите луѓе со добра волја да бидат дел од поворката, а нивните деца напред. Дечињата ќе ја носат витлеемската пештера со Богомладенецот и ќе ја пеат песната „Вечниот Бог“.Да го прославиме, обединети пред Бога, сите тетовчани заедно навестувањето на Христовото Раѓање, пред Витлеемската ноќ и заедно со ангелите да пееме: „Слава на Бога во Висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!, порачаа од Одборот за оваа прослава.

Воедно, на социјалните медиуми верниците се повикуваат на градскиот плоштад од 18 часот на заедничко народно традиционално чествување по повод Бадник согласно кое децата се маскираат и ја пеат песната „Бдња Баба“.

Во Тетово прв пат се одржа бадникова литија во 2017 година, а не се одржа во 2021 и 2022 поради пандемијата.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Повеќе стотици деца учествувааа на возобновената Бадникарска литија во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.