Носителот на листата со кандидати за пратеници на Левица во шестата изборна единица Игор Димески денес имаше средба со бранителите од 2001 година. Најави нов закон за бранителите.
„Левица ќе направи сè да се институционализираат барањата на бранителите, и дека потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов. Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања“, изјави Игор Димески.
Средбата се одржа во населбата Два Бреста – Тетово, во паркот кај споменикот на Иљо Антевски-Смок.
ас
фото Левица