Во здружението на пензионери од Тетово, денес во посета беше Игор Димески носител на листата со кандидати за пратеници од Левица за ИЕ6.
Преку пријателска и пред сè народна атмосфера, носителот на ИЕ6 Димески, разговараше со тетовските пензионери.
Пред пензионерите ја претстави Програмата на Левица за која пензионерите, нивното згрижување и повисока исплата на пензиите за која партијата има поставено јасни законски прописи, кои во иднина ќе се потруди да ја реализира. Како што се: линеарно покачување на пензиите, 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата, државни пензионерски домови, намалување на старосната граница: 60 години за жени, 62 години за мажи.
Истакна дека пензионерите во денешно време се столб на финансирање на семејството и дека нивниот статус треба на општествено ниво да се промени и да имаат спокојна старост.
Понуди беспплатна правна помош од страна на Левица и отворена соработка во секое време.
Пензионерите истакнаа дека се оставени самите на себеси за одржување на здруженијата со свои финансии, а револтот го насочија кон опустошениот пензиски фонд.
Соопштение Левица 2 мај 2024