Славјанка Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците
Носителката на кандидатската листа на СДСМ за ИЕ6, Славјанка Петровска во Тетово денес го посети зелениот пазар. Во разговор со тамошните продавачи ги најави и мерките кои се предвидуваат за унапредување во состојбите во земјоделството.
-Во новиот мандат предвидуваме рекордни 1,35 милијарди евра поддршка за земјоделците.За над 50% ги зголемуваме грантовите за младите земјоделци и жените земјоделки.Веќе во првата година од мандатот го градиме и пуштаме во употреба новиот откупно-дистрибутивен центар во Скопје, а потоа и следните во Струмица и Ресен. Нашата заложба е обезбедување на зголемено домашно производство на храна, сигурен пласман и подобри услови за работа на македонските земјоделци, истакна Славјанка Петровска.