Соопштение на СВР Тетово 27 март 2024
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (26 март) околу 8 часот и 20 минути го лишиле од слобода 24-годишниот М.К. од тетовско село, кој бил пријавен од неговиот 68-годишен татко дека претходно во семејниот дом физички го нападнал, а ја оштетил и покуќнината и возилото на неговиот брат. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Четириесет и едногодишниот Б.Р. од тетовско Синичане, вчеравечер (26 март) во 21 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 30 минути во Пирок, на бензинска пумпа, физички бил нападнат од 53-годишниот С.Ј. од тетовско Боговиње, а тој му возвратил на нападот. Се расчистува и документира случајот.
Вчера ( 26 март) во 12 часот А.П. (31) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, каде извршувал службени дејствија, физички бил нападнат од 42-годишниот тетовец И.З. Се расчистува и документира случајот.
Четириесет и деветгодишниот А.А. од Тетово, вчера (26 март) во 17 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа на улица „Маршал Тито“ во Тетово физички бил нападнат од Д.И., сопственик на угостителски објект. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.