По повод Светскиот ден на шумите и Светскиот ден на водите денес Национален парк Шар Планина ја промовираше новата едукативна патека за деца наречена „Истражи ја шумата“.
Децата може на практичен начин да се запознаат со видовите на дрвја, растенија, како и да научат нешто повеќе од материјалите поврзани со водите, животните, инсектите и друго што има на Шара.
„Тука на патеката секако децата ќе можат и да видат од видовите тоа што има во природа, сè што е природно. Ова секако ќе продолжи со други активности. Учениците ќе ја посетат Шара, ќе им биде овозможено на секое дете да засади по едно дрво, да му даде име, како и да се грижи додека се школува. Важно е децата за се вклучат во овој процесот за да овие деца и утре бидат амбасадори на Шара и да ја претстават на најдобар можен начин, изјави директорот на НП Шар Планина, Ибрахим Дехари.
Меѓународната организација „Глобална Конзервација“ (Global Conservation) е помагател за формирањето на патеката во кругот на установата.
„Подигањето на свеста кај децата е важна алатка за зачувување на природата. Ќе ја помагаме Шар Планина да ја зачува природната разноликост. Шар Планина е млад национален парк и морам да кажам дека директор е херој затоа што ги превенира да се случат нелегалните работи како што се дива сеча, недозволен лов и слично, изјави Мустафа Ѓулен директор за Европа и Азија во меѓународната организација „Глобална Конзервација“ (Global Global Conservation).
Националниот парк и организацијата ќе соработуваат и на други проекти.
ас