• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Истражување на Центарот за граѓански комуникации-Општина Тетово издава спортски објекти без објавување јавни повици

13/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Истражување на Центарот за граѓански комуникации-Општина Тетово издава спортски објекти без објавување јавни повици

Центарот за граѓански комуникации спроведе истражување „Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во 8 општини„ (Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип). Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и доминантно се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување.

Со оглед на големите инвестициски вложувања на државата во спортските објекти и нивното значење за спортската дејност, управувањето со тој имот претставува област која сериозно го засега јавниот интерес, соопштуваат од Центарот.

Во истражувањето се наведува дека Општина Тетово е една од ретките општини која генерира приходи од издавање на објектите за спорт.

-Но, во процесот на издавање, општината не располага со интерен акт со којшто би била регулирана постапката за избор на корисници/ закупци на објектите за спорт, ниту пак има пракса за јавно објавување повици за издавање на објектите, соопштуваат од Центарот.

На територија на Општина Тетово, според истражувањето, има седум спортски објекти.

Станува збор за главниот градски стадион и помошниот стадион во близина на градскиот стадион, за фудбалскиот стадион со вештачка трева кај Спортскиот центар Тетово, Градскиот базен, како и спортски игралишта во населбите Теќе, Голема Речица и Сараќино. Главниот градски стадион и помошниот стадион во близина на градскиот стадион се доделени под концесија на фирмата „Еколог“. Оттука, од објектите со кои де факто управува Општина Тетово, на користење се издава само фудбалскиот стадион со вештачка трева кај спортскиот центар. Тој се издава на закуп на годишно ниво на три фудбалски клуба: „Шкендија“, „Тетекс“ и „Љуботен“, и за нив секој месец општината издава фактура. Општина Тетово со фудбалскиот клуб „Шкендија“ има договор со којшто клубот го користи стадионот со вештачка трева во точно определени термини и плаќа надоместок за користење во висина од 12.000 евра годишно. Фудбалските клубови „Тетекс“ и „Љуботен“ го користат стадионот со вештачка трева кај Спортскиот центар за фудбал и имаат активен договор за цела 2023 година, за којшто плаќаат надоместок во согласност со одлуката за издавање термини и според ценовникот донесен од страна на Општина Тетово и 18 % ДДВ. Во согласност со одлуката која ја донел Советот на Општина Тетово за доделување на стадионот, за 1 час вежбање се плаќа 750 денари, ако е тоа со рефлектори 1.200 денари, за официјални и пријателски натпревари по 3.000 денари, но ако за нивното одржување е потребно осветлување, тогаш цената е 5.000 денари по натпревар. Со спортските игралишта во населбите Теќе, Голема Речица и Сараќино, како што велат од Општина Тетово, располага локалното население, стои во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

целото истражување тука 

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово ја демантира министерката за култура дека се согласни предложеното преселување

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!