• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Изгласан буџет од 29 милиони и 300 илјади евра на Општина Тетово за 2023 година

29/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На последната седница на Советот на Општина Тетово за 2022 година беше изгласан и буџетот за наредната 2023 година. Тетово ќе има 29 милиони и 300 илјади евра буџет, од кои свои сопствени генерирани средства се 7 милиони и 200 илјади евра. Опозицијата гласаше воздржано и обвини дека владејачкото мнозинство ќе користи пари за вработување на партиски кадри.

-Ние како ДУИ мислиме дека овој буџет не е за добро на граѓаните. Ние мислиме дека се одвоени милион евра за нови вработувања и затоа ние сметаме дека не треба да се поддржи и гласавме воздржано. Имаме и други забелешки, рече Лиридон Диша од советничката група на ДУИ.

-Оваа година буџетот е за непродуктивни трансфери и ситни инвестирање. Ние генерално не очекуваме спектакуларно околу буџетот, ова е партиски буџет, а не реални инвестиции за потребите на нашите граѓани. Видовме дека се зголемуваат платите на договорците, вдомуваат партиски кадри на Беса и ВМРО ДПМНЕ. Наш предлог е да се испрати барање до Министерството за животна средина да се направи мерна станица за мерење на квалитет на воздухот затоа што ние како граѓани сме погодени од нечистиот воздух и се надевам дека ќе власта ќе ги слушне нашите барања, изјави Глигорије Стојановски од СДСМ.

За буџетот гласаа 16 советници од ВМРО ДПМНЕ и Движење Беса.

-Ние како советничка група дадовме поддршка на буџетот. Тој буџет има проекти кои се дел од нашата програма како партија, како партнерно уредување на паркот „Тодор Скаловски-Тетоец“, изградба на засолниште за кучиња скитници, уредување на православните гробишта во Фалише, уредување на школо во Фалише, пробивање на булеварот „Благоја Тоска“ до Порој, реконструкција на улица „Борис Кидрич“, предвидено е таму да има пешачка зона,  реконструкции на улици „Браќа Симовски“, „Гоце Делчев“, „Иво Рибар-Лола“, „Прохор Пчински“, „Поточка“ и други. Прифатени се дел од нашите предлози во дел од буџетот околу прослава на Бадник на плоштадот во Тетово, реконструкција на игралиште во Блок 70 и Ајдучко маало, решавање на вода за пиење во Сараќино и Фалише. Сите заедно ќе работиме на реализиација на овие проекти, изјави Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ.

Претседателот на Советот Бесар Дурмиши истакна дека во рамки на буџетот се планирани максимално можни 69 вработувања, согласно законските можности кои ги има општината, но не значи дека и толку луѓе ќе се вработат.  Според него, ќе има ангажирање на луѓе за места кои се дефицитарни како пожарникари или пак стручни лица кои ги нема во општинската администрација.

-Опозоцијата не можат да разберат дека не менаџираат со општината и дека не може да има 500 луѓе со договор на дело од кои 200 не го знаат работно место. Во буџетот предвидено е да се вработат 69 луѓе, архитекти, редари, пожарникари работни места кои мим требаат на институциите, му требаат на градот, рече Дурмиши.

Градоначалникот Биљал Касами рече дека опозоцијата секогаш се жали, но не секогаш со право. Во случајот не се работи за прекумерно врабтоување, туку за дополнување на сектори каде има потреба од вработување на нови кадри.

– Можам да гарантирам дека нема во моментот некој да зема плата а не доаѓа на работа. Исто така има договори на дело но тие се за ангажирање на кадар кој го користиме за надворешни консултанти за работи кои не можеме да вработиме. Се извинувам што цело време го експоатирам името на професорот Грчев но ние не можеме да претендираме дека ќе го ангажираме во општината нели со работен однос, но постојано ги користиме неговите услуги во делот на урбано планирање, како што има и други договори на дело во ангажирање на надворешни консултанти.  Во моментот не може да се спореди со тоа претходното каде над милион евра трошеа за фиктивни вработувања. Во моментот можам да гарантирам дека нема ниту едно фиктивно вработување, сите ангажирани се во служба на граѓаните на Тетово, рече Касами.

Владејачкото мнозинство истакна дека најголема развојна програма е онаа за изведба и реконструкција на улици која ќе се споведува во периодот 2023-2025 со вредност од 150 милиони денари.

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава

Согласно буџетот за 2023 најавено продолжување на два булевари и нов пат до Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.