• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Изложба и предавање за средновековни македонски ракописи по повод Денот на македонските и сесловенските просветители Кирил и Методиј

23/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово во пресрет на утрешниот празник посветен на македонските просветители светите браќа Кирил и Методиј се одржа пригоден настан-предавање на доцент д-р Михајло Марковиќ кој зборуваше за средновековни ракописи во глаголица и кирилица. Дел од одбележувањето беше и поетско читање на Милена Илиевска.

– Со овој настан сакаме да се одбележи нашиот патронен празник, првично да се одбележи денот на сесловенските просветители и народот да слушне нешто одблизу во чест на светите браќа, односно на браќата коишто придонеле за осветлување на мракот којшто го имале Словените дотогаш и како наши македонски просветители, пред сè а потоа и како словенски просветители да ни овозможат денес да имаме своја писменост, да имаме јазик, да имаме азбука со која се гордееме, истакна доц.д-р Михајло Марковиќ.

Тој образложи дека иако постојат голем број ракописи пишувани со македонска црковнословенска редакција, речиси и да ги нема во македонските градови, а на разни начини се нашле во други земји како Бугарија, Русија, Полска, Чешка, Србија, Хрватска.

– Во електронска форма можеме да ги најдеме овие ракописи. Така целта на денешната изложба е од блиску се запознае секој граѓанин, наш секој Македонец и нормално сите граѓани на Македонија со кирилометодиевата традиција којашто е многу значајна за одржување на културниот и писмениот идентитет на нас Македонците, истакна професорот Марковиќ.

Изложбата е поставена во Музеј на тетовски крај, поранешен Дом на Армијата. Настанот го организира Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово - слика во сув пастел, дело на охридскиот сликар со тетовско потекло Ѓоко Симјаноски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!