Студија, стратегија и публикација кои се насочени кон развој на заштитено подрачје на Шар Планина како и формирање на бази со податоци беа презентирани вчера од претставници на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово и Национален парк Шар Планина. Во рамки на заедничкиот проект изработените се Пилот-студијата за планинско рекреативните патеки на НП Шар Планина, стратегија за работа на Инфо Центарот за Шара на ПК Љуботен и публикација со заклучоци од студиските посети и работилниците.
Пилот-студијата за планинско рекреативните патеки на НП Шар Планина е креирана врз база на планот за менаџирање на националниот парк. Во иднина треба да служи како насока или водич во за изработка на нови студии за планинските патеки во рамки на заштитеното подрачје.
„Студијата ќе овозможи еднаш засекогаш да се воспостави некој ред на Шар Планина и од тоа ќе може Национален парк да знае кој се наоѓа на патеките, кој каде се движи и што прави. Пример се земени шест планинско-рекреативни патеки низ Шар Планина. Студијата ќе биде основа за формирање или уредување на нови планинско-рекреативни патеки, пример едукативни за деца, или екстремни патеки за поискусни планинари“, изјави Јован Божиновски од ПК Љуботен.
Студијата се дели повеќе области. Има основен информативен дел за Шар Планина и историјата на планинарскиот туризам. Потоа дел кој се однесува за значењето на патеките за планинско-рекреативен туризам, анализа на постоечките планинско-рекреативно патеки и постоечката туристичка инфраструктура на Шар Планина.
Опфатена е методологија на истражувањето во процесот на валоризација на патеките и начини на креирање на база за податоци за сите патеките на Шар Планина. Студијата има препораки како да се уредат патеките за планинско рекреативен туризам и изработка на потребна документација како и за дизајн и структура на планинските патеки.
На крајот се опфатени категоризацијата и туристичката валоризација на патеките, дефинирање на потребните за реуредување на патеките, начини на посетеност, биолошката разновидност и слични области.
ас
фото ПК Љуботен