Соопштение на СВР Тетово 11 април 2024
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (10 април) во периодот од 10 до 15 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.
При контролата биле откриени и санкционирани 16 прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-4), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 6 (ТЕ2 и ГВ-4), со поминат рок на важност на сообраќајна дозвола 2 (ТЕ) и управување без положен возачки испит 4 (ТЕ).
Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. При контролата биле констатирани и санкционирани 9 (ТЕ-4 и ГВ-5) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите мотоцикли да навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл крајните последици биле крајно штетни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот