Денес Богојавление-Водици се прослави и во Стенче. Се изврши голем Богојавленски водосвет во црква Свети Илија и спуштање на чесниот и животворен крст на реката Вардар во село Стенче. По крстот се фрлија 18 момчиња, а најголема среќа имаше 29 годишниот Јован Ангелковски кој го извлече осветениот крст од водата на реката Вардар.
Беше даруван од црковниот одбор и од спонзорите, градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, Ресторан Две Срца, обложувалница Евротип и Голд слот клуб. Јован доби златен крст,телевизор, мобилен телефон и сребрена пара, информираа од црковниот одбор