• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

ЈП „Градски паркинг“-Тетово побарал инспекторат да провери наплаќање на паркинг од страна на приватници на неколку места низ градот

02/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За неколкуте места низ Тетово каде приватници наплаќаат паркинг, од ЈП„Градски Паркинг“-Тетово велат дека не се во нивна надлежност, а за тоа треба да постапуваат другите служби. Директорот Игор Додевски рече дека во рамки на Општината ги информирал Општинскиот инспекторат и градоначалникот.

-Треба да видите со друг сектор, јас немам надлежности. Сите овие прашања ќе ги упатите до инспекторатот. Ниту знам, ниту имам поим кој ги раководи, како ги раковиди,. Од наш интерес како градски паркинг не ни се такви места. Ниту поддржуваме такви места, ниту викаме правите или не правите. Дадена е информација до инспекторатот уште на координација со градоначалникот го истакнав ова што го прашувате и се надевам дека неделава ќе биде решено, истакна Додевски на новинарско прашање на денешната прес-конференција посветена на нов вид казни поради неправилно паркирање.

Делумното обележување на зонските паркинг места е завршено поради недостиг на средства. Ќе продолжи догодина.

-Сектор за комунални дејности изврши фарбање на паркинг места, донекаде се завршија колку имаше средства, оваа година имаше два пати избори, криза во Советот. Се надевам дека 2023 ќе биде многу поодбра за таа работа. Не само тие места туку и за инвалидизирани лица. Ќе помогнеме уште повеќе со нови сообраќајни знаци, со нови обележани паркинзи, рече Додевски.

Долговите се вратени, па сега Додевски се надева дека ќе има простор за реинвестирање во опремата и средствата за работа во претријатието.

-Не е помината кризата. Оваа година трпиме многу работи, со едно возило возиме цело време, треба да вложиме средства во самото претриајтие, ни требаат нови возила, нови паркинзи, нови рампи кои седат 10 години овие средства наместо ние да ги реинвестриаме годинава, моравме да ги враќаме за некој претходно што правел тоа што правел, истакна Додевски.

Тој потсети дека се оформени околу 300 паркинг места на повеќе места низ градот каде сега се наплаќа зонско паркирање, како и две паркинг места кои се резервирани само за резиденти-станари.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Следна објава

МВР им оддаде благодарност за спасувачката акција на Титов врв на двајца тетовчани: алпинистот Надир Мурсели и директорот на Националниот парк Ибрахим Дехари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!