• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

МВР им оддаде благодарност за спасувачката акција на Титов врв на двајца тетовчани: алпинистот Надир Мурсели и директорот на Националниот парк Ибрахим Дехари

02/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во просториите на Единицата за брзо распоредување на МВР во Ѓорче Петров додели благодарници за покажаните храброст, пожртвуваност и хуманост на двајца учесници во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец.

-Имам огромна чест во име на Министерството за внатрешни работи да ги доделам овие благодарници за исклучителните храброст, пожртвуваност и хуманост на директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари и на алпинистот Надир Мурсели, кои со припадници на МВР учествуваа во спасувачката мисија на Шар Планина минатиот месец“, потенцираше министерот Спасовски.

По добиената пријава во попладневните часови на 08.11.2022 беше организирана спасувачка потрага по двајцата планинари во која учествуваа екипи на МВР, ЦУК, СВР Тетово, ТППЕ Тетово, а Министерството за внатрешни работи се вклучи со тим од три возила и 10 припадници кои учествуваа во спасувањето на еден од планинарите, кој беше пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош и извлекувањето со хеликоптер на МВР на телото на планинарот кој почина од при пад од карпа. Притоа, при реализирање на спасувачката акција беше потешко повреден припадник на Единицата за брзо распоредување и началникот на СВР Тетово.

Според соопштението на МВР, на средбата се разменија искуства од спасувачки мисии со цел унапредување на ефикасноста во самите постапки при таквите мисии и генерално сите ја потврдија максимата дека силата е во заедничката брза реакција.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Почна реконструкција на улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.