Денес во Тетово преку работилница, која беше организирана во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошки регион“, имплементиран од страна на Програмата за развој при Обединетите Нации (УНДП) и Швајцарската Влада се одржа работилница како лицата со попреченост да се справат при евентуални поплави и други катастрофи
„Станува збор за изработка на една студија на политики, односно се направи анализа во рамки на којашто целта беше да се добијат податоци да се види колку нашите политики и практики кога станува збор за намалување на ризиците од катастрофи ја вклучуваат попреченоста. Се изработи прирачник којшто ги дава насоките, ги дава советите за лицата со попреченост како да се заштитат и самозаштитата во ситуации на кризи, односно на природни или пак од човек предизвикани катастрофи. Станува збор за прирачник во рамки на којшто посебно за секоја група односно лица со попреченост се наведени специфичностите коишто треба да се имаат предвид кога лицата ќе се најдат во една ситуација на ризик и ќе треба да најпрвин се заштитат себеси, а потоа нели да учествуваат и во заштитата на сите останати околу нив“, изјави Марија Трифуновска, специјалист за вклучување на попреченоста во УНДП.
„Во минатото има добри практики која беа издвоени во јавната студија за политиките за вклучување на попреченоста. Меѓутоа за жал, тоа сепак се само фрагментирани поединечни активности и отсуствува целосното вклучување во текот на целиот циклус на намалувањето на ризици од катастрофи од превенцијата, подготвеност за одговори како закана“, посочи Васко Поповски соработник на проектот УНДП.
Во последните поплави што беа во Шипковица 2015 година, една од жртвите беше лице со попреченост, не можело да излезе од собата, кога надошла водата, посочија од здруженијата од Тетово.
„Ова е навистина ќе ни многу ќе ни користи и на нас и на нашите членови да знаеме како да се справиме со вакви елементарни непогоди. Знаете дека во Тетово често пати знае да се случи поплава, посебно во одредени делови во градот и верувам дека ќе добиеме некои многу интересни совети како да се справиме со ова“, истакна Зоран Андонов, претседател на Здружението за церебрална парализа Тетово.
Според претставниците на УНДП Македонија има потпишано конвенција од оваа област во 2009 година, а во 2011 ја има ратификувано во Собранието со што како држава ја презема обврската сите политики и практики да бидат усогласени со цел оваа голема група на граѓани, кои се нарекуваат лица со попреченост да не бидат изоставени.
ас