Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (26-мај) во периодот од 14 до 21 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.
При контролата биле откриени и санкционирани 18 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-7), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 13 (ТЕ-8 и ГВ-5), а исто така било привремено одземен и 1 мотоцикл кој бил со помината регистрација повеќе од 6 месеци. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 9 (ТЕ-2 и ГВ-7) останати сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли да навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот