• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Казнети 1728 лица поради возење без положен возачки испит или немање возачка дозвола

23/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Одделот за аналитика при СВР Тетово евидентира дека во текот на целата 2022 година, полициските службеници  откриле и законски санкционирале вкупно 1728  лица, односно возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.

Сите биле исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толкава глоба ќе треба да платат и лицата кои им ги дале возилата да ги управуваат, иако знаеле дека непоседуваат возачки дозволи.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и да ги почитуваат ограничувањата предвидени за возачи-почетници. Зашто, во спротивно ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќај и негативно влијаат на вкупната безбедност на патиштата во поширокиот Полошки регион, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на 2022 година санкционирани  биле 453  возачи-почетници кои не се придржувале кон законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот. Паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 200 евра во денарска противвредност.

Во текот на овој месец, заклучно со денеска (23 јануари)  бројот на санкционираните возачи без дозволи на тетовското подрачје изнесува 36.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

СВР Тетово со проценка дека вчера на Попова Шапка пристигнале до десет илјади возила

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!