• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека изминатиот викенд (28/29 јануари) при контрола спроведена во ноќните часови на тетовско-гостиварското подрачје биле откриени и санкционирани 8 возачи кои ги управувале возилата под дејство на алкохол (ТЕ-4 и ГВ-4), а 1 (ГВ) одбил да се алкотестира.

Сите прекршители биле веднаш исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци, со кои е предвидена парична глоба од 250 до 400 евра во денарска противвредност и заштитна мерка-времено одземање на возачите дозволи од три месеци до една година.

Во овој период, исто така, спроведена е засилена акциска контрола за престигнување, во која биле санкционирани 23 возачи (ТЕ-16 и ГВ-7), а кои престигнувале на забранети места. Покрај тоа, во двете контролни активности откриени се и 19 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-13 и ГВ-6).

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш апелира до возачите да не консумираат алкохол доколку возат, да ја прилагодат брзината според условите на патот и да не престигнуваат на непрегледни и забранети места, со што непосредно ќе придонесат за поголема сообраќајна безбедност во Полошкиот регион и пошироко. Ова, дотолку повеќе што се најавуваат снежни врнежи, влажни коловози и отежнати услови за движење на возилата, посебно кон Попова Шапка, Стража и Маврово.

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.