• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Казнети шест возачи по 250 евра за непропуштање пешаци на пешачки премини

12/01/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вчера (11 јануари) од  11 до 15 часот на поширокото тетовско подрачје спроведена е засилена акциска контрола на возачите и нивните обврски кон пешаците, информира СВР Тетово.

-При контролата откриени и санкционирани биле 6 возачи кои не ги пропуштиле пешаците на обележани пешачки премини, а на кои им се изготвени поднесоци и кои ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност, како и со заштитна мерка – времена забрана за управување на возилото од три месеци до една година. Откриени и санкционирани биле и 16 други видови сообраќајни прекршоци, додека поради непрописно, односно погрешно паркирање од тетовската „пајак-служба“ вкупно биле подигнати 20 возила, најмногу во централното градско подрачје.

Вчера, исто така, од 6 до 10 часот во засилена контрола на гостиварското подрачје  биле откриени и санкционирани 3 возачи кои непрописно престигнувале и обиколувале и на кои им се изготвени поднесоци.

Контролните активности на тетовско-гостиварското подрачје ќе продолжат и во наредниот период, со цел навреме да се откријат и ефикасно да се отстранат и санкционираат различните видови сообраќајни прекршоци и да се придонесе за поголема безбедност на патиштата, соопшти СВР Тетово.

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава
МВР

Од Тетово е затвореникот кој вчера во Скопје рани полицаец и побегнал

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.