• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ќе се одржи јубилејна десетта манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“ на Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово

27/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово и оваа година е организатор на традиционалната, десета јубилејна, детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“. Манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, 29 октомври почнувајќи од 10 часот во  Духовно-културниот центар  „Кирил Пејчиновиќ“ во склоп на манастирскиот комплекс во Лешок.

-Главна цел на проектот е поттикнување на творештвото и презентација на културното наследство на припадниците на српскиот народ во Република Северна Македонија и чување на нивниот културен идентитет особено кај децата и младите.  Манифестацијата ги собира учениците од основните училишта кои наставата  ја следат на српски јазик, како и деца кои имаат српско потекло, а се од други основни училишта во Македонија,

Оваа година на манифестацијата учествува и гостин од Србија, поетесата и писател за деца Виолета Јовиќ. Целта е на учесниците да им се овозможи средба со поет од Србија, а воедно и да се промовира српското творештво за деца.

-На главниот дел на програмата учествуваат учениците со свои творби кои оваа година се пишувани на тема „Роденден“. Програмата содржи и три детски пиеси на српски јазик како дел од проектот „Школа српског језика“ (Школа за српски јазик) одобрен од страна на Фондот за бегалци и рааселени лица и за соработка со Србите во регионот, информира Соња Андонов, претседателка на Здружението.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и информирање на Република Србија.

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Нема да се градат мали хидроцентрали на Шар Планина, но државата ќе плати милион евра отштета

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.